Македонија

Променливо облачно со засилен ветер – попладне дожд, температурите до 16 степени

Променливо облачно со засилен ветер – попладне дожд, температурите до 16 степени
ФОТО: 4news.mk

Променливо облачно со умерен, а во источните делови и долж Повардарието засилен, повремено силен ветер од југоисточен правец (70 км/ч.) Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, пообилни во западните делови (над 20л/м2). На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.

Во Скопје променливо облачно со засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Во среда ќе има повремен локален дожд, а од четврток ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури и со услови за појава на магла по одделни котлини.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни