Бизнисменот Марјан Јованов, во јавноста познат како Мане Левис, е пронајден мртов во дворот на неговиот дом во скопската населба Карпош, потврди Министерството за внатрешни работи за „Скопје1“.
Според првичните информации од МВР, на 28 јуни 2026 година, околу 18:15 часот, во базен во дворот од куќа во Карпош бил пронајден без знаци на живот М. Ј. (58) од Скопје. Екипа на Итната медицинска помош констатирала смрт без видливи траги на насилство. Извршен е увид, а по насока на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на Институт за судска медицина за обдукција.
Причините за смртта засега не се познати и ќе бидат утврдени по извршената обдукција. Надлежните институции ја продолжуваат постапката за целосно расчистување на случајот.
Јованов беше познат бизнисмен и дистрибутер на брендот „Левис“ во Македонија, а во јавноста беше споменуван и како еден од обвинетите во предметот „Шпански скали“, во кој доби ослободителна пресуда.