Македонија

Пронајдена дрога: Шест лица уапсени во Скопје, Тетово и Штип

Пронајдена дрога: Шест лица уапсени во Скопје, Тетово и Штип
Фото: 4news.mk

Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишија од слобода шест лица кај кои била пронајдена дрога.

Денеска (07.06.2026) во 00:15 часот, на улица „107“ во Тетово, полициски службеници ги лишија од слобода А.Ц. (19) и И.А. (50), двајцата од Тетово, кои откако ги виделе полициските службеници, на улицата фрлиле кеса со бела прашкаста материја. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска (07.06.2026) во 01:00 часот во Штип полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Б.А.(23) од Куманово затоа што кај него е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

На 06.06.2026 во 20:20 часот во Штип полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Ф.К.(28) од Скопје затоа што кај него е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

На 06/07.06.2026 во Скопје, на различни локации полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода М.Ц.(21) и 17-годишен малолетник двајцата од Скопје, затоа што кај нив е пронајдена и одземена прашкаста материја.

По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни