Пронајдена марихуана кај две лица од Скопје

На 14.10.2019 во 00.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Ангел Димовски“ во населбата Аеродром го привеле И.Т.(24) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По комплетно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 13.10.2019 во 17.00 часот полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Кочо Рацин“ го лишиле од слобода С.М.(28) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Извор: Сител телевизија

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното