Пронајдени 10 мигранти во камион кај тетовскиот царински терминал

ТВ21 моментално е во тетовскиот царински терминал каде од страна на полицијата се откриени 10 мигранти во камион со тетовски регистарски ознаки.

Екипата на ТВ21 сведочи дека мигрантите биле откриени по „вревата која ја направиле во камионот“.

Kapet kamioni me emigrant ne Tetove

Gepostet von TV21 am Donnerstag, 13. August 2020

„Денеска, 13август, околу 12 часот и 15 минути во Секторот за внатрешни работи Тетово, од Царинска управа на Република Северна Македонија било пријавено дека во приколката во товарно возило „мерцедес“, со тетовски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Тетово, а управувано од А.С.(25) од село Горно Седларце, тетовско, кое било во кругот на царински терминал, биле пронајдени 10 лица мигранти од Ирак, Авганистан и Бангладеш, на возраст од 15 до 49 години. Мигрантите и возачот на возилото биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од СВР Тетово

Nxirren emigrantët nga kamioni me targa të Tetovës

Gepostet von TV21 am Donnerstag, 13. August 2020

.

Извор: ТВ21