Пронајдени 44 тела – Преживеан патник тврди: Спасил осум лица

Портпаролката на главниот обвинител на Бугарија Сијка Милева, денеска на прес-конференција со заменик-јавниот обвинител на Бугарија Борислав Сарафов изјави дека на местото на трагедијата се пронајдени 44 тела.

Таа информира дека се сретнала со преживеаниот маж кој и раскажал како го скршил стаклото на автобусот и рекол дека спасил осум лица, а не седум.

– Ние пронајдовме 44 трупа, а тој категорично изјави дека се спасени осум лица. Јас му реков вие сте седум во болницата. И тој категорично ми рече не, ние се спасивме осум лица. Во текот на истрагата, беа пронајдени 44 трупа. Според податоците со кои располагаме, патувале 52 лица, ние пронајдовме 44 тела, а се хоспитализирани седум лица – четворица мажи и три жени. Останува големата загатка, каде е осмото лице. Работиме на таа верзија, не сакаме да шириме дезинформации, може да се работи и за лошо сеќавање на сведокот, истакна Милева.

Таа додаде дека сведокот потоа бил испрашан од истражители во присуство на преведувач и тој повторно категорично тврдел дека се спасиле осум луѓе.

– Јас бев на местото на инцидентот и ги видов јагленисаните трупови, глетката беше ужасна, потешка беше ситуацијата кога заедно со главниот обвинител на Северна Македонија и обвинителката за организиран криминал и корупција ја посетивме болницата „Пирогов“ каде беа сместени седум од повредените. Истите беа во добра физичка состојба, но психички беа во многу тешка состојба. Секој беше во одделна соба во одлични услови и за нив се грижат најдобрите лекари во земјата, рече Милева.

Таа информира главниот обвинител одлучи уште денеска да нареди на врховното административно обвинителство да изврши проверка на патната сигнализација и на поставените сообраќајни знаци на магистралните и на главните патишта на територијата на целата земја.

Во оваа проверка, додаде Милева, ќе бидат вклучени како бугарски, така и меѓународни експерти, како и стручњаци од невладини организации.

– Ако во текот на проверката се соберат податоци дека се извршени казнени дела од општ карактер, тие ќе бидат испратени на обвинителството кое ќе бара кривична одговорност на виновните лица. Доколку во текот на проверката се утврди дека се извршени прекршувања, тоа ќе се испрати на министерскиот совет, при што извршната власт ќе ги утврди своите надлежности согласно законот, рече Милева на прес-конференција во Софија со заменик-главниот обвинител Борислав Сарафов.

Сарафов исто така потврди дека на местото на несреќата се пронајдени 44 тела. 

Поврзани вести

ССМ во недела на протест пред Собранието и Стопанската комора

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) во недела ќе излезе на протест пред Собранието и пред Стопанската комора на Македонија изразувајќи незадоволство од неизгласувањето на законското решение со кое недела се прогласува за...

101 нов случај на ковид-19 – пријавени се 13 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 1.299 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на КОВИД-19:

За 3,5 денари се намалува цената на нафтените деривати

За 3,5 денари се намалуваат бензините, а за три денари екстра лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Од полноќ, Еуросупер БС-95 ќе се продава по...

Бектеши најави можно проширување на листата на производи со замрзнати цени

Листата на производи чии цени се  замрзнати е објавена, а утре на владина седница ќе ги разгледаме податоците од Заводот за статистика во делот на движење на цените во трговијата на мало...

Најважното

ССМ во недела на протест пред Собранието и Стопанската комора

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) во недела ќе излезе на протест пред Собранието и пред...

101 нов случај на ковид-19 – пријавени се 13 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 1.299...

За 3,5 денари се намалува цената на нафтените деривати

За 3,5 денари се намалуваат бензините, а за три денари екстра лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Бектеши најави можно проширување на листата на производи со замрзнати цени

Листата на производи чии цени се  замрзнати е објавена, а утре на владина седница ќе ги разгледаме податоците од Заводот за статистика...

Експерт: Заштитните огради на автопатот Струма во реонот на несреќата се инженерски дефект

„Автобусот кој излета на автопатот Струма се заглави меѓу двете заштитни огради, кои не ја изгаснаа кинетичката енергија. Ова е инженер за целосен...