И двете црни кутии на „Боинг 737 Макс 8“ на компанијата “Етиопија ерлајнс“ беа пронајдени, по вчерашното уривање на авионот кој падна само неколку минути по полетувањето.
Техникиот уред за летање и рекордерите во црните кутии беа пронајдени, соопштија од компанијата на Твитер.
Експертите велат дека премногу рано е да се утврди што е причината за несреќата, но црните кутии треба да го дадат одговорот на тоа прашање.
Меѓу 157-те загинати лица имаше и еден српски државјанин.
„Етиопија ерлајнс“ поради падот на Боинг-от сите авиони од иста марка ги приземји.