Балкан

Пронајдени пилотите од урнатиот МиГ во Хрватска

Пронајдени пилотите од урнатиот МиГ во Хрватска

Двајцата пилоти од соборениот борбен авион МиГ 21 со две седишта на хрватското воздухопловство се пронајдени живи, јавува хрватски Индекс.

При неговиот пад пилотите успешно се катапултирале и слетале, извести попладнево Министерството за одбрана.

Пилотите се во стабилна состојба, надвор од животна опасност и ќе бидат пренесени во болница на лекарски преглед.

Тие успешно се катапултираа од двоседниот авион МиГ-21, кој се урна за време на планираната обука во близина на Слатина, и слетаа. Два хеликоптери на хрватското воздухопловство Ми-171, припадници на полкот на воената полиција и едно беспилотно летало веднаш биле испратени на местото на несреќата заради потрага и спасување.

Ангажирани се и оперативните сили на системот за цивилна заштита: интервентни единици за државна цивилна заштита, пожарникари, Хрватската планинска спасувачка служба, а на терен се испратени и полицајци и ловџии. Министерството за одбрана навремено ќе ја информира јавноста за деталите.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни