4NEWS.mk

Пронајдено детето што денеска се изгуби на кејот на Вардар

Денеска (15.12.2019) по добиена пријава на телефонскиот број 192 од Р.С. од Скопје која пријавила дека околу 14 часот кај маркет во близина на кејот на реката Вардар го изгубила својот син Мартин (12), кој боледува од аутизам, веднаш се преземени мерки и активности од страна на полициски службеници за пронаоѓање на детето, соопшти МВР.

Во 16.30 часот од страна на единицата Алфа детето е пронајдено во близина на хотелот Хилтон и потоа предадено на мајката.

Апелот дека се бара детето денеска беше проширен и преку социјалните мрежи.
 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни