Пронајдено телото на третиот член на екипажот на унгарскиот хеликоптер што се урна кај Дрниш

Пронајдено е телото на третиот член на екипажот на унгарскиот хеликоптер, соопшти Министерството за одбрана.

„Телото на починатиот припадник на унгарските воздухопловни сили беше пронајдено во четврток, 22.06.2023 година, во попладневните часови. Во хеликоптерската несреќа загинаа тројца членови на екипажот.

Министерството за одбрана уште еднаш изразува длабоко сочувство до семејствата, колегите и пријателите на загинатите припадници на унгарските вооружени сили“, соопшти Министерството за одбрана.

Да потсетиме, вчера воен хеликоптер се урна во кањонот Чикола, во близина на националниот парк Крк. Хрватскиот министер за одбрана Марио Баножиќ на прес-конференција во средата рече дека истрагата треба да започне наскоро. Роберт Храњ, началникот на Генералштабот, рече дека на хрватските истражители ќе им се придружат и унгарските.

Засега нема информации кога и како ќе бидат отстранети урнатините. Сите служби се уште се на местото на падот на унгарскиот воен хеликоптер, а причините за несреќата се уште не се познати.

Во тек е истрага која ќе покаже како дошло до несреќата, а ќе биде спроведена согласно стандардите на НАТО. На хрватските истражители ќе им се придружат и унгарски истражители.