Македонија

Протест на превозниците – затворени излезите за камиони на сите гранични премини

Протест на превозниците – затворени излезите за камиони на сите гранични премини

АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.

Како што велат, снег со слаб интезитет паѓа на П. Шапка и Ѓавато кој во моментов не се задржува на коловозот.

  • Од 12 часот блокиран е сообраќајот за излез од државата за тешки товарни возила на ГП Стар Дојран, ГП Богородица и ГП Меџитлија.
  • Од 12:20 часот блокиран е сообраќајот за излез од државата за тешки товарни возила на ГП Ќафасан и ГП Блато.
  • Од 12:00 часот пред ГП Долно Блаце започнат е протест на превозници со тешки моторни возила, поради што товарниот сообраќај кон ГП Долно Блаце се пренасочува кај БП Дизел, а останатиот сообраќај се одвива нормално.
  • Од 12 часот отпочнати се блокади и на ГП Деве Баир, ГП Делчево и ГП Ново Село.

Сега засега блокиран е само сообраќајот за ТТВ за излез од државата додека за останатите категории на возила се одвива непречено.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни