4NEWS.mk

Протест на жените и децата мигранти на Лезбос

Жени мигрантки, повеќето од Авганистан, кои имаат побарано  азил во Грција, а се сместени во прифатниот центар Морија на Лезбос, денеска организираа протест во главниот град на островот, Митилене.
 
Под паролата “Морија е пекол“, околу 300 жени и  нивните деца побараа да бидат преместени од Морија и протестираа заради лошите здравствени услови во овој камп, пренесе агенцијата АНА-МПА.
 
Во моментов во кампот Морија на Лезбос се наоѓаат 19.500 баратели на азил, иако објектот е проектиран за само 2.480 бегалци. 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни