Балкан

Протест „Србија против насилството“ во Ниш: Истите барања како и на митинзите во Белград и Нови Сад

Протест „Србија против насилството“ во Ниш: Истите барања како и на митинзите во Белград и Нови Сад

По Белград и Нови Сад, граѓаните излегоа на протест „Србија против насилството“ и во Ниш. Иако граѓаните беа поканети на собирот од опозициските партии, тој се одржа без партиски симболи и говори.

Нишчани се собраа околу 18 часот на централниот градски плоштад, каде Гордана Арсиќ, професорка по литература во гимназијата во Ниш, ги прочита барањата кои се исти како и на претходните протести – затворање на медиумите кои промовираат насилство, смена на членовите на Советот на РЕМ, смена на министерката за внатрешни работи Братислава Гашиќ и директорот на БИА Александар Вулин и „итна седница на Народното собрание на која би била одговорноста на републичката Влада и безбедносната состојба во државата“.

Граѓаните прошетаа до Градското собрание, каде барањата беа повторени.

Претходно денеска пред зградата на РЕМ во Белград се собраа претставници на опозициските партии за да го достават подготвениот текст за оставките на членовите на Советот на таа институција. На плоштадот Никола Пашиќ пред зградата на РЕМ, со транспарент на кој пишуваше „Србија против насилство “.

Но, не успеале да го поднесат барањето бидејќи, како што наведоа, им било кажано дека матичната служба која треба да го добие ова барање не работи. Затоа решиле ова барање да го залепат на влезната врата на оваа институција.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни