Протест во Барселона поради ограничувачки мерки, судир меѓу демонстрантите и полицијата

Во Барселона имаше жестоки судири меѓу полицијата и демонстрантите кои протестираа против ограничувачките мерки, воведени со цел да се спречи епидемијата на вирусот корона.

Група од педесетина млади луѓе фрлаа камења и петарди кон полицијата и запалија неколку контејнери во центарот на главниот град на Каталонија, а полицијата реагираше со помош на палки, објави Ројтерс.

Во немирите бил повреден еден демонстрант, кој бил погоден со тула во главата, а две лица биле уапсени.

Судирите следеа по мирниот протест во центарот на Барселона, на кој присуствуваа околу 700 лица.

Протест во Барселона поради ограничувачки мерки, конфликт меѓу демонстрантите и полицијата

Во обид да се запре вториот бран на епидемијата, шпанската влада прогласи вонредна состојба оваа недела, што им дозволува на регионалните власти да го ограничат или забранат движењето и да воведат полициски час.

Рестриктивните мерки што сега се на сила во Шпанија се поблаги од оние што ги воведоа Германија и Франција пред два дена.

.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното