Поврзи се

Македонија

„Протоколот, пред распуштање на Собранието“, опозицијата обвинува: Власта го користи НАТО за да ги одложи изборите

Published

on

ВМРО-ДПМНЕ стравува дека власта се обидува да ги одложи изборите планирани за 12 април користејќи го како алиби членството на земјава во НАТО. Затоа, пратеникот од оваа партија, Никола Мицевски достави барање до Собранието да побара од Владата предлог закон за ратификација на Протоколот за членство во НАТО. Според него, ова е возможно иако Шпанија ја нема ниту почнато постапката поради парламентарните избори.

Од друга страна лидерот на АА, Зијадин Села во својство на пратеник рече дека Законот за ратификација треба да се стави на пленарна седница која е закажана за 11 декември. Тој е против одложување на предвремените избори.

-Текстот продолжува по рекламата-

„Значи имаме два преседани, едниот со Црна Гора што се однесува на НАТО и другиот е внатрешен преседан кој создава можност ние да го ратификуваме Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО и да ги завршиме сите домашни задачи, и тоа воопшто да не биде пречка за она за што сме се договориле како политички субјекти и да не биде предмет на НАТО“, рече Села.

Одговори и претседателот на Собранието, Талат Џафери. Тој рече дека ова барање не е под надлежност на Собранието и дека истото ќе го испрати во Влада.

Единствената земја која не го ратификува Протоколот за Членство на Северна Македонија во НАТО е Шпанија, бидејќи имаше избори. Се очекува до крајот на оваа или на почетокот на следната година ратификацијата да помине во шпанското собрание.

Извор: ТВ21

Реклама
Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com