Македонија

Прв сомнителен случај на мајмунски сипаници во Македонија

Вечерва во Инфективната клиника во Скопје според информации на телевизија Алфа треба да биде хоспитализиран првиот пациент кој е сомнителен на мајмунски сипаници.

Според неофицијални информации на телевизија Алфа во Македонија има прв сомнителен случај на мајмунски сипаници.

Според извори на телевизија најавено е прием на пациент сомнителен на мајмунски сипаници во Инфективна клиника во Скопје. Пациентот е од Кичево, а го очекуваат да пристигне во секој момент на Инфективна клиника.

Алфа се обидела да стапи во контакт со директорката на Инфективната клиника, но засега не одговорила на повиците и пораките.

Но, сепак според неофицијални информации пациентот треба да пристигне на инфективната клиника во секој момент, по што ќе му бидат извршени лабараториски испитувањa за да се потврди дали се работи за мајмунски сипаници.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни