Свет
18,277,477
Вкупно активни случаи
Updated on 20/04/2021 17:02 17:02
Македонија
19,041
Вкупно активни случаи
Updated on 20/04/2021 17:02 17:02
Македонија
4,478
Вкупно починати
Updated on 20/04/2021 17:02 17:02
Македонија
123,710
Вкупно оздравени
Updated on 20/04/2021 17:02 17:02

Први жртви на коронавирус во Иран

Две лица, првите кај кои денеска беше потврден коронавирусот во Иран, починаа во болница во шиитскиот град Ком, соопшти Универзитетот за медицински науки во тој град.

– Двајца за кои денеска беше потврдено дека имаат коронавирус починаа од респираторна инфекција, изјави претставник на Универзитетот.

Портпаролот на иранското Министерство за здравство Кијануша Џаханпура ја потврди нивната смрт на Твитер.

Тој претходно потврди дека изминатите два дена биле откриени неколку сомнителни случаи на новиот коронавирус.

Бројот на заразени од коронавирус во Кина денеска се зголеми на 74.185, а на починати на 2.004 лица. 

Извор: Сител телевизија

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com