Македонија

Првиот лет со евакуирани македонски државјани е на пат кон Скопје!

Првиот лет со евакуирани македонски државјани е на пат кон Скопје!

По успешно организираната акција за помош на нашите сограѓани на Блискиот Исток, авионот на flydubai (лет FZ1829) со кој се врши евакуацијата е веќе во воздух и се движи кон Меѓународниот аеродром Скопје.

Се работи за македонски државјани кои престојуваа во Обединетите Арапски Емирати.

  • Се очекува тие да пристигнат вечерва околу 21 часот.

Ова е само почеток на евакуацискиот план. Како што информираа од Министерството за надворешни работи и премиерот, во наредните денови се очекуваат уште летови кои ќе ги прифатат нашите државјани од Катар, Кувајт и Саудиска Арабија.

На скопскиот аеродром патниците ќе бидат пречекани од претставници на државниот врв, со што ќе се означи успешната завршница на првата фаза од оваа спасувачка мисија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни