Македонија

Првиот Устав во рацете на граѓаните: Историјата објавена во весник

Првиот Устав во рацете на граѓаните: Историјата објавена во весник
ФОТО: 4TV Повик за референдум - плакат

Пред интернетот, официјалните документи до граѓаните стигнувале и преку весниците.

Во фондот на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ е зачуван примерок од „Нова Македонија“ во кој бил објавен првиот Устав на Република Македонија.

На неговите страници се запишани темелите на новата држава и основните уставни определби.

Меѓу нив е и членот со кој Република Македонија е определена како суверена, самостојна, демократска и социјална држава.

Денес, весникот не е само хартија со испечатен текст. Тој е документ што покажува како историските одлуки и најважните државни документи биле достапни до јавноста.

Еден примерок од весникот денес е материјално сведоштво за времето кога се поставувале темелите на независната држава.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни