Македонија

Прво пенливо вино од линијата „Луда Мара“ на „Тиквеш“: Од Тиквешијата, создадено за светската сцена

Прво пенливо вино од линијата „Луда Мара“ на „Тиквеш“: Од Тиквешијата, создадено за светската сцена

Винарската визба „Тиквеш“ го претстави „Луда Мара Спарклинг“, своето прво пенливо вино во рамки на линијата „Луда Мара“, создадено во Тиквешијата со јасна амбиција да се наметне на светската сцена.

Современиот визуелен идентитет на производот е изработен во соработка со реномираното шпанско дизајнерско студио „Џирафа“, со цел автентичното потекло да биде претставено преку препознатлив дизајн кој рамноправно се вклопува на винските полици на развиените светски пазари.

Од „Тиквеш“ нагласуваат дека новото пенливо вино е пример како локалното потекло и традиционалното винарско знаење може успешно да се спојат со современите глобални трендови, при што очекуваат значителен интерес кај потрошувачите.

Линијата „Луда Мара“ во изминатиот период изгради силна препознатливост и одличен прием. Проширувањето со пенливо вино претставува ново поглавје во развојот на брендот и одговор на зголемениот интерес за свежи и разновидни вина што се вклопуваат во различни моменти и пригоди.

Истовремено, „Луда Мара Спарклинг“ ја одразува пошироката амбиција на „Тиквеш“ — потпирајќи се на повеќе од еден век винарска традиција и над 1.000 меѓународни награди и признанија — да создава брендови и вина кои по квалитет, идентитет и дизајн стојат рамо до рамо со најпознатите светски винарници.

„Со ‘Луда Мара Спарклинг’ внесуваме нова свежина во нашето портфолио и ја развиваме линијата ‘Луда Мара’ во согласност со современите трендови и очекувањата на потрошувачите. Создадовме пенливо вино со автентична врска со Тиквешкото виногорје, но и со јасна меѓународна перспектива — производ кој по квалитет и по дизајн може да застане рамо до рамо со најреномираните светски брендови“, велат од Винарската визба „Тиквеш“.

„Луда Мара Спарклинг“ е брут пенливо вино со бледа сламеножолта боја и зеленкаст отсјај, со фино и долготрајно перлење. Во мирисот се отвора со нежни цветни и цитрусни ароми, надополнети со ноти на зелено јаболко и круша, додека вкусот е свеж, хармоничен и со чиста овошна завршница.

Новото пенливо вино е наменето за различни пригоди — од спонтани дружења и вечери, до прослави и одбележување на посебни моменти. Најдобро се служи разладено, на температура од 6 до 8 степени Целзиусови, а одлично се комбинира со морски плодови, суши, лесни салати, благи сирења, тестенини и овошни десерти.

Името „Луда Мара“ потекнува од реката што протекува низ Кавадарци, во срцето на Тиквешкото виногорје. Оваа непосредна врска со местото на потекло е клучен дел од идентитетот на линијата, а со „Спарклинг“ добива нов, пожив и поинтернационален израз.

„Луда Мара Спарклинг“ веќе е пуштено во продажба и во почетниот период ќе биде достапно во ограничени количини.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни