4NEWS.mk

Пукање на Бит Пазар- има повредени

Престрелка со повредени е случила пред десетина минути на Бит Пазар, дознава 24 Инфо.

Според очевидци, престрелката се случила на улицата која го одвојува пазарот, а куршуми летале на сите страни околу тезгите.

Пукањето траело кратко, а набрзо дошле возила на Итната помош со која биле однесени во болница повредените.

Од МВР засега нема информации за инцидентот.

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни