Балкан

Пукање во Нови Сад: Првичните информации говорат дека се работи за убиство во козметички салон!

Пукање во Нови Сад: Првичните информации говорат дека се работи за убиство во козметички салон!

Во Нови Сад попладнево имало пукање во кое загинале две лица, неофицијално дознава Euronews Србија. Најверојатно се работи за убиство и самоубиство.

Престрелката се случила во улицата Јована Суботиќ на број 23 околу 16 часот и 50 минути. РТВ јавува дека сообраќајот е блокиран на дел од оваа улица. На местото на настанот излегле повеќе полициски патроли.

РТВ јавува дека, според неофицијални информации, маж со пиштол влегол во салонот за убавина и пукал во девојката, а потоа и во себе.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни