Најмалку две лица загинаа во пукотница во центарот на Париз, а уште четворица се тешко ранети, пренесоа француските медиуми.
Напаѓачот е 69-годишен маж кој е уапсен. АФП пренесува, повикувајќи се на изјави на сведоци, дека испукал седум или осум куршуми.
„Настана целосна паника. Се заклучивме во продавницата“, изјави еден сведок за АФП.
Оттаму додаваат дека 69-годишникот пукал во неколку лица. Убил двајца, а повредил повеќе.
Le Parisien пишува дека тој е француски државјанин, пензионер кој претходно работел како возач. При апсењето полицијата му го одземала оружјето со кое пукал.