Пукање во шопинг центар: Повеќе лица ранети во Висконсин

Повеќе лица се ранети во вооружен напад во шопинг центарот „Мејфер“ во предградие на Милвоки, пренесуваат американските медиуми.

И натаму не е познато дали има жртви во нападот, а на присутните во шопинг центарот им рекле да најдат скривалиште додека не се реши ситуацијата.

Првиот полицаец кој стигнал на лице место јавил дека видел две ранети лица, а наводно не станува збор за повреди опасни по живот.

Неколку очевидци истакнуваат дека виделе најмалку пет ранети лица како се изнесени од центарот и со итна помош пренесени во болница.

Околу центарот има голем број на полициски возила, и возила на итна помош, а полицијата ги затвори сите патишта до центарот.

.

Извор: ТВ21