Полицијата во Вашингтон спроведува опсежна акција по пријавено пукање на повеќе локации во населбата Логан Сиркл, недалеку од Белата куќа. Граѓаните се повикани да го избегнуваат подрачјето околу 15-та улица, каде што се наоѓаат фитнес-центар, црква, станбени објекти и супермаркет.
Поголемиот дел од овој реон е блокиран, а училиштата во близина на местото на пукањето се привремено затворени од безбедносни причини, пренесува АП.
На терен се распоредени бројни полициски сили, а во акцијата се вклучиле и агенти на федералната Агенција за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви (АТФ).
Засега не се објавени детали за околностите под кои се случило пукањето, ниту за идентитетот и здравствената состојба на повредените.