4NEWS.mk

Пукна подот на руски патнички авион – пилотите побарале итно слетување

Руски ербас 1321-200 е тешко оштетен при слетување во Анталија.

Бизарниот инцидент се случил денес попладне, а според локалните медиуми пилотите барале итно слетување поради чадот кој се појавил во кабината.

Слетувањето очигледно било премногу „грубо“ бидејќи авионот силно удрил во асфлатот на пистата.

Судејќи според фотографиите механизмот за слетување ја пробила структурата на авионот и влегол во кабината.

Засега нема информации дали има повредени лица.

 



Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни