Францускиот претседател Емануел Макрон побара од рускиот претседател Владимир Путин да ја прекине опсадата за време на повикот меѓу нив и германскиот канцелар Олаф Шулц.
Но, официјален претставник на француското претседателство, цитиран од Ројтерс, вели дека Путин не изгледал подготвен да стави крај на војната.
Двајцата западноевропски лидери го повторија и повикот за прекин на огнот како услов за целосни преговори.
Француското претседателство исто така го обвини Путин за „лаги“ откако тој рече дека украинските војници се одговорни за кршење на човековите права, пренесува АФП.