Свет

Путин: Не одбивме комуникација со Вашингтон, подготвени сме за разговори со Трамп

Путин: Не одбивме комуникација со Вашингтон, подготвени сме за разговори со Трамп

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија никогаш не одбила да комуницира со американската администрација, додавајќи дека Москва е подготвена да води преговори со Украина и да разговара со американскиот претседател Доналд Трамп.

„Имав прагматичен однос со Трамп, сличен на деловен однос“, рече Путин, додавајќи дека кризата во Украина можеше да се избегне доколку Трамп не беше „украден на изборите“, пренесува РИА Новости.

Тој изјави дека се уште има проблеми, како што е тоа што законски е забрането да се започнат преговори во Украина, додавајќи дека Киев не брза да ја укине забраната.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни