Поврзи се

4NEWS.mk

Путин: САД на вселената гледаат како на театар за воени активности

Published

on

Рускиот претседател Владимир Путин смета дека САД целно го развиваат својот воен потенцијал за операции во вселената и на неа отворено гледаат како на потенцијален театар за воени активности, пренесе БТА.

-Текстот продолжува по рекламата-

Путин подвлекува дека Москва категорично се спротивставува на милитаризирањето на вселената, но американските чекори значат и дека Русија треба уште повеќе да го развива својот вселенски сектор.

Во денеска објавената завршна декларација од самитот на НАТО во Лондон учесниците во него подвлекоа дека Алијансата „вселената ја прогласи за своја сфера на активност”, со цел да ја зголеми својата безбедност „при почитување на нормите на меѓународното право“, забележива Тасс.

Извор: Сител телевизија

Реклама
Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com