Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека западните земји си постигнале автогол со воведувањето санкции кон Русија. Зборувајќи за состојбата на руската економија, Путин рече дека инфлацијата се стабилизира и дека побарувачката на мало во земјата се нормализира.
Услужниот сектор во Русија претрпе најголем пад во активноста од почетокот на пандемијата во 2020 година. Имено, потрошувачите и компаниите ги откажаа нарачките во услови на сè построги западни санкции по инвазијата на Украина.
