Македонија

Работната група за нов Изборен законик продолжува со дискусии – Крмов: Консензус меѓу партиите е клучен

Работната група за нов Изборен законик продолжува со дискусии – Крмов: Консензус меѓу партиите е клучен

Работната група формирана за подготовка на новиот Изборен законик продолжува со работа, а пратеникот од Левица, Борислав Крмов, истакна дека за усвојување на законот е потребен консензус меѓу политичките партии.

„Изборниот законик е еден од вистинските закони на државата. Усвојувањето зависи од волјата на партиите, и затоа е потребен консензус“, рече Крмов во гостувањето на „Ноќно студио“ на 4ТВ.

Иницијативата започна во ноември, кога беше формирана работна група во Собранието, која подоцна беше префрлена во Министерството за правда. Крмов посочи дека на првиот состанок се појавија проблеми со документацијата на албански јазик, што го одложи процесот.

„Фактички, не успеавме да почнеме, но вчерашниот состанок беше многу успешен. Избрана е нова структура на работата, а министeрот Филков ќе ја води групата како претседавач“, изјави Крмов.

Тој додаде дека на состанокот беа прифатени конструктивни забелешки за деловникот на групата, а наредниот трет состанок е закажан за 23 март, кога ќе започне разгледувањето на конкретните предлози за измените во Изборниот законик.

„Имаме околу три до три и пол месеци до рокот поставен од премиерот до јуни. На следниот состанок прво ќе се усвои новиот деловник, а потоа ќе започнеме со дискусии за конкретни предлози. Сите предлози кои ќе бидат консензуално прифатени ќе влезат во измените на законот“, посочи Крмов.

Рокот и реформската агенда ја ставаат групата пред сериозна обврска, но со конструктивен дијалог и координација може да се обезбеди успешен исход.

Во продолжение погледнете ја целата емисија:

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни