4NEWS.mk

Работниците од Пошта бараат поголеми плати, нови униформи и современа опрема

Синдикатот на Македонски пошти бара зголемување на платите за 10 отсто. Се жалат дeка 30 години платите не им се зголемени ниту денар, а бодот е помал од пред 12 години. Освен поголема плата, бараат и нова работна облека, но и современа опрема.

Покрај барањето за зголемување на платите, како проблем, вработените се соочуваат и со лоши услови за работа години наназад, како и со недостиг на основните средства за работа, односно потребата за набавка на работна облека, велосипеди, мопеди, компјутерска опрема, санација на објектите и други материјали.

-Особено сакаме да нагласиме  за набавка на работна облека која  повеќе од 10 години не е набавена, за што од  Претседателот на Управниот одбор добивме ветување  дека годинава набавката на работна облека ќе биде приоритет, за што и на почетокот од годинава  Управниот одбор донесе одлука за набавка на работни облеки, но до ден денеска постапката не е започната, поради недобивање на согласност за набавка од страна на Надзорниот Одбор. Со оглед на долгиот период на чекање за реализација на набавката, незадоволството кај вработените е се поголемо, вели претседателот на синдикатот, Боро Велигденов.

Даниел Василев

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни