Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева не е сместена во хашкото одделение. Таму е сместен Бојан Јовановски затоа што прв дојде откако му беше изречен притвор, вели директорот на затворот во Шутка, Есад Рахиќ.
-Тоа се шпекулации. Специјалната обвинителка не е сместена во хашкото одделение. Има повеќе блокови, хашкото е да речеме поизолирано. Господинот Јовановски е таму затоа што дојде прв. Да речеме „прв дојден, прв услужен. Госпоѓа Катица дојде подоцна и ја сместивме во другиот дел, изјави Рахиќ.