Македонија

Распишани петтите претседателски избори, СДСМ сѐ уште тактизира околу предвремени парламентарни избори

Аналитичарите велат дека предвремени избори најверојатно нема да има, но и дека не и се потребни во овој момент на државата. Истовремено оценуваат дека изјавите на Мицковски кој што во последниве денови се зачестени дека ќе има фалсификување на претседателските избори се обид за манипулација.

„Од една страна постојат реални стравувања бидејќи сведоци сме дека на консултативниот референдум во последните два часа драстично беа полнети кутиите , каде што е чисто албанско население . Меѓутоа од друга страна сепак и тоа е едно покритие во однос на незадоволството на сопственото членство и симпатизери од изборот на натпартиски кандидат“, изјави Јове Кекеновски – универзитетски професор.

„Искажувањето дека нема да има фер и демократски избори е само аргумент на губитник. Мислам ВМРО-ДПМНЕ кога би сакале искрени фер и демократски избори треба да повикуваат на зајакнување на сите контроли и механизми  за да има фер и демократски избори. Мислам дека целта не е тоа туку да се оправда поразот“, изјави Мерсел Биљали.

Сето ова укажува дека сепак постои можност во вториот круг да дојде до повик на бојкот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и со тоа да биде доведен во прашање и цензусот. Според универзитетскиот професор Илбер Села најдобро е изборот на претседател да биде во Собрание.

„На Македонија и е потребен претседател на државата кој ќе биде избран во Собрание и со гласовите на другите заедници, значи да се почитува принципот на Бадентер“, вели Илбер Села – универзитетски професор.

Според Села не постигнувањето согласност околу консензуален кандидат на СДСМ и ДУИ не е завршена работа и можност за заеднички договор сѐ уште постои.

„Секоја партија која е на власт дава изјава дека ќе излезат со нивен кандидат за претседател, тоа не  сериозно и верувам дека партиите кои се на власт ќе најдат заеднички јазик и да излезат со заеднички кандидат“, додава Илбер Села.

Сите дилеми и неизвесности околу предвремените избори па и претседателските можно е да се разрешат на седницата на Извршниот одбор на СДСМ која е закажана за утревечер.

НОВИНАР: СВЕТЛАНА УНКОВСКА

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни