Бројот на загинати во главниот град на Индонезија се зголеми на 53, а речиси 175.000 евакуирани лица сè уште не се во можност да се вратат во своите домови, соопштија денеска индонезиските власти.
– Бројот на загинати се зголеми на 53, а едно лице се води како исчезнато, рече портпаролот на Агенцијата за ублажување катастрофи Аџус Вибово.
Монсунските дождови и надојдените реки поплавија најмалку 182 населби во Џакарта и предизвикаа лизгање на земјиштето на периферијата на градот.
Портпаролот на Националната Агенција за ублажување на катастастрофи рече дека вчера имало настрадани во стихијата, но и од струјни удари после обилните дождови во текот на новата година.
