Американските економски санкции ги саботираат напорите на Иран во неговата борба против тероризмот и организираниот криминал, оред Советот зз безбедност на ОН изјави иранскиот амбасадор Маџид Тахт Раванчи, цитиран од западните агенции.
-Одлучни сме да ги продолжиме нашите напори за справување со терористите и шверцерите на наркотици, подвлече амбасдорот во дебатата за заканите за меѓународниот мир и врските меѓу тероризмот и организираниот криминал, пренесоа агенциите.
За оваа цел, меѓутоа, меѓународната заедница треба да му помогне на Иран, секако без претходни услови, дискриминација или политизирање. Едностраните санкции имаат штетни последици за нашите напори да му се спротивставиме на тероризмот и организираниот криминал, забележа иранскиот дипломат.
Земјите кои наметнуваат такви незаконски санкции треба да знаат дека нивната политика сериозно ја ослабува ефикасноста на напорите во борбата со наркотиците, дополни Раванчи.
-Не сме свесни каква сериозна закана претставуваат терористичките групи во нашиот регион, рече Раванчи и подвлече дека доколкуи неговата земја им помага на Ирак и Сирија тоа е „на нивна молба во нивната борбата против најопасните терористички групи“.
Западот редовно го обвинува Иран дека го дестабилизира Блискиот исток, најмногу со помош на вооружените групи во Либан или на бунтовниците Хуси во Јемен.
