Претседателот на комисијата за избори и именувања, Илија Димовски ја закажа седницата за разрешување на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.
Засега не е познато дали седницата ќе биде јавна.
Димовски смета дека нема причина седницата да се одвива зад затворени врати бидејќи предност има јавниот интерес.
Поради ова, најави дека денеска ќе побара од Претседателот на Советот на Јавни обвинители, Ацо Колевски, извештајот да биде декласифициран.
Зоран Јаневски