Албанската опозиција не го прифаќа лесно влегувањето на ДУИ во Влада. Коалицијата “Сега е време“ смета дека новиот владин состав не е легитимен. Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, изјави дека ДУИ е делегитимирана поради тоа што се откажа од главното ветување во текот на кампањата – премиер Албанец.
Лидерот на АА, Зијадин Села, ДУИ ја оцени како крадец и како измамничка партија, при што смета дека премиер Албанец нема да има ниту 100 дена.
„Нашиот опонент, ДУИ, нема воопшто легитимност бидејќи купила и крадела гласови, оценувала и заплашила граѓани. Во моментот кога зборуваме има два предлога, првиот – да не постои веќе Влада според Пржинскиот договор, со други зборови нема да има технички премиер 100 дена и вториот – технички премиер. Лага, измама која е својство на крадци како нашите политички опоненти. И тие 100 дена нема да бидат, не потпаѓајте на овие манипулации.“, рече Села.
ВМРО-ДПМНЕ потсети на меѓусебните обвинувања на ДУИ и СДСМ во текот на изборната кампања.
Инаку, пред неколку дена, Скендер Реџепи од Алтернатива рече дека ќе предложо неговата партија да ја бојкотира работата на Собранието, но, лидерот на АА, Зијадин Села, рече дека не е донесена таква одлука и дека одлуките се носат со договор меѓу Алијанса и Алтернатива.
.
