4NEWS.mk

Реализирани значајни инфраструктурни проекти во Радовиш

Во последните четири месеци во општина Радовиш се реализирани пет значајни проекти за подобрување на патната и комунална инфраструктура, информира градоначалникот Герасим Конзулов.

Станува збор за изградба и реконструкција на локални патишта, улици, тротоари и атмосферска канализација со кои се решаваат низа инфраструктурни проблеми и се подобрува квалитетот на животот во општината.

– Обновена е улицата „Илија Алексов“ во рамки на рехабилитацијата на патниот правец Радовиш-Подареш, како и патот од центарот на село Злеово кон клучката на магистралниот пат Радовиш-Струмица, а во селото Калуѓерица изградена е улица број „7“ со должина од 1.222 метри и ширина од пет метри. Во селото Ињево изградена е улица број „10“ со должина од 546 метри со тротоар и атмосферска канзализација во должина од 580 метри. Во градот се поставени 2.485 метри квадратни бехатон плочки, направен е нов паркинг, обновени и се изградени повеќе тротоари и приоди, рече градоначалникот Конзулов.

Покрај овие активности, санирани се ударните дупки на повеќе сообраќајници во градот. 

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни