На 31 октомври оваа година, sвездите на небото ќе изгледаат поинаку од вообичаено, бидејќи ќе бидат осветлени од т.н. Сина месечина.
Овој редок феномен се повторува на секои две до три години.
Секако, тука не станува збор за тоа дека Месечината сјае сино, туку за полната Месечина, кога нејзината орбита е поблиску до Земјата од вообичаеното, односно изгледа малку поголема и е за 30 проценти посветла од „обичната“ полна Месечина.
Космичкиот приказ се случува седум пати на секои 19 години, што значи дека следниот пат кога ќе ја видиме оваа појава е на 31 октомври 2039 година.
Но, она што е уште поинтересно е дека Сината Месечина ќе биде видлива низ целиот свет, феномен што се случува првпат по Втората светска војна.
.
