Македонија

„Рекет 2“ – „Немам врска со Кичеец“, вели Дончев – негира дека ја стопирал продажбата на „Дијамед“

Директорот на ФЗО, Ден Дончев ги негира обвинувањата дека го блокирал купувањето на фирмата за дијализа Дијамед од шведската компанија Диаверум. За ова прашање вчера екс сопственичката на Дијамед, Вера Ивановска покрена кривична пријава против Ден Дончев и министерот за здравство Венко Филипче. Директорот на ФЗО истакна дека само ги предупредил Швеѓаните преку писма и средби за можните последици или криминални дејствија на Дијамед, каде според него се вклучени поранешни високи државни функционери.

Прашањето кое неколку пати го поставија новинарите на прес конференцијата против Дончев, беше дали тој го познава и дали има некаква врска со Зоран Милевски Кичеец, обвинет во случајот Рекет. Ден Дончев одговори на прашањето и рече дека не го познава и дека немал контакт со Кичеец.

Ден Дончев зборуваше во врска со шпекулациите дали Кичеец вршел притисок Дијамед наместо на Диаверум да биде продаден на компанија од Албанија, истиот негираше дека имало такво нешто. Поранешната сопственичка на Дијамед го тужи Ден Дончев и Венко Филипче за злоупотреба на службената позиција и обид за стопирање на продажбата на нејзината компанија на шведската компанија Диаверум која е продадена за 11.5 милиони евра помалку од пред една година. Од овие пари, 9 милиони се префрлени на сметка во Монако. Парите се замрзнати додека трае истрагата. Директорот на ФЗОМ објасни дека ЈО го истражува добивањето на концесијата и воопшто целиот случај.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни