Македонија

Рената Дескоска избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија

Рената Дескоска избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија

Поранешната министерка за правда и универзитетска професорка Рената Дескоска е избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија, на 145. пленарна сесија што се одржува на 12 и 13 декември во Венеција.

За нова претседателка на Комисијата е избрана Марта Картабија, професорка по уставно право и поранешна министерка за правда на Италија, додека за потпретседатели, покрај Дескоска, се избрани и Ерик Холмовик од Норвешка и Тимоти Оти од Обединетото Кралство.

Со изборот, Дескоска станува прва потпретседателка на Венецијанската комисија од Македонија, како и прва од земја што не е членка на Европската Унија и не произлегува од поранешна Југославија. Таа оцени дека ова претставува признание за нејзиниот досегашен ангажман и придонес во работата на Комисијата.

Во досегашниот мандат, Дескоска учествувала во изработка на 14 мислења за различни држави, кои биле едногласно усвоени на пленарни седници, како и во повеќе меѓународни мисии и конференции. Таа најави дека ќе продолжи со ангажманот на промоција на европските стандарди во областа на демократијата, човековите права и владеењето на правото.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни