РЕЦЕПТ: Рафаело топчиња со јагоди

Топчињата кои имаат вкус на Рафаело, но имаат овошен пресврт, се одличен избор за претстојната сезона на јагоди. Со овој рецепт не можете да погрешите бидејќи сите знаеме дека јагодите и белото чоколадо се секогаш добра комбинација.

Состојки

  • 200гр. парчиња сечкано бело чоколадо
  • 100 мл шлаг
  • 100 грама кокосово брашно
  • 50 гр крем сирење
  • 5 јагоди со средна големина
  • 50 гр кокосово брашно (за тркалање топчиња)

Подготовка

Измијте ги, исчистете ги и исечкајте ги јагодите на мали парчиња.

Загрејте го кремот за готвење на средно-силен оган додека не зоврие, па прелијте го врз сечканото чоколадо. Мешајте додека не добиете хомогена смеса.

Измешајте ги кокосовото брашно и крем сирењето и покријте го со пластична фолија. Смесата ставете ја во фрижидер 1 час.

Смесата изматете ја со лажичка, израмнете ја и во средината ставете парче јагода. Со раце формирајте топка и валкајте ја во кокосово брашно.

Топчињата ставете ги во фрижидер и извадете ги 10 минути пред да ги послужите за да омекнат.

Забелешка: Пожелно е јагодите да се изладат за да не го испуштат сокот при обликувањето. Наместо јагоди, можете да користите друго овошје (малини, боровинки, капини).