Македонија

Револуција во македонската кардиологија: Воведена нова метода за прецизна дијагностика на срцеви заболувања

Револуција во македонската кардиологија: Воведена нова метода за прецизна дијагностика на срцеви заболувања

Тимот за интервентна кардиологија при ГОБ „8ми Септември” воведе нова, иновативна метода – „CoroFlow” – софистициран софтверски медицински систем за прецизна проценка и детектирање дисфункција во микроциркулацијата на срцевиот мускул.

Оваа метода овозможува попрецизна проценка на состојбата на коронарната микроциркулација, што придонесува за подобра дијагностика и третман на пациентите со срцеви заболувања кај кои класичните испитувања не секогаш ги откриваат причините за симптомите.

Ова е значаен чекор кон модернизација на кардиолошката дијагностика во нашата земја и уште еден показател дека нашите здравствени установи чекорат во чекор со најсовремените светски трендови во медицината.

Честитки до целиот тим на ГОБ „8ми Септември” за посветеноста и професионализмот!

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни