Министерот за надворешни работи на Романија, Богдан Ауреску вечерва го повика амбасадорот на Австрија во Букурешт. Ауреску и врачи протестна нота во врска со „неоправданиот и непријателски однос на Австрија“ во врска со приемот на Романија во Шенген.
Претходно денеска Бугарија и Романија беа блокирани да влезат во Шенген зоната со 25 гласа „за“ против два „против“ – од Австрија и Холандија.
Бугарија и Романија продолжуваат да одат заедно и многу е веројатно дека Букурешт на следното гласање ќе побара одвојување од Софија, бидејќи само Австрија е против нивното прифаќање, а против Бугарија има две земји – Австрија и Холандија.