Свет

Роналдо на прва прес-конференција: Арабија ја нарече Јужна Африка – вели дошол да игра, да победува и да се забавува

Роналдо на прва прес-конференција: Арабија ја нарече Јужна Африка – вели дошол да игра, да победува и да се забавува

Кристијано Роналдо ја одржа првата прес-конференција по трансферот во Ал-Наср.

– Се чувствувам многу добро. Толку сум горд што ја донесов оваа важна одлука во мојот живот. Кога донесувам одлуки, семејството секогаш ме поддржува, особено моите деца. Сакам да дадам поинаква визија за земјата и фудбалот во Саудиска Арабија. Ако го земете Светското првенство како пример, тогаш единствената репрезентација што го победи шампионот е Саудиска Арабија. Дојдов да играм, да победам и да се забавувам, изјави Роналдо.

Португалецот потпиша договор со Ал-Наср на 30 декември. Договорот е со важност до летото 2025 година.

Но, скандал се случи на прес конференцијата,кога на новинарско прашање Роналдо место да каже дека ќе игра за Саудиска Арабија, рече Јужна Африка.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни