Сега е на ЕУ конечно да испорача, откако Македонија го усвои Законот за Јавно обвинителство, напиша на Твитер германскиот министер за европски прашања, Мајкл Рот.
Се вчитува...
Добри вести од нашите пријатели од Македонија: Парламентот штотуку го усвои двотретинскиот Закон за Јавното обвинителство. Натамошен чекор кон владеењето на правото и европската иднина на Македонија. Сега е на ЕУ конечно да испорача, напиша Рот на својот Твитер налог.
