Свет

Рубио: Војната против Иран ќе заврши за недели, а не за месеци

Рубио: Војната против Иран ќе заврши за недели, а не за месеци

Американскиот државен секретар Марко Рубио остро ги критикуваше сојузниците во НАТО поради недостигот на поддршка во војната против Иран, истакнувајќи дека некои земји, како Шпанија, ја ограничуваат употребата на својот воздушен простор и воените бази. Рубио исто така изјави дека очекува главните воени цели во Иран да бидат постигнати за неколку недели, а не за месеци, пишува Ал Џезира. Тој го изрази незадоволството од однесувањето на одредени членки на НАТО во моментот кога САД се соочуваат со, како што рече, сериозен ризик за националната безбедност.

„Во моментот кога ни е потребна помош, кога Соединетите Американски Држави утврдија сериозен ризик за нашата национална безбедност и интерес и мораа да ја спроведат оваа операција, имаме земји како Шпанија – членка на НАТО, која сме се обврзале да ја браниме – кои ни ја ограничуваат употребата на воздушниот простор и уште се фалат со тоа, откако ни го одземаат и користењето на своите бази“, изјави Рубио.

„И други земји го направија тоа. Па човек се запрашува, добро, што всушност добиваат Соединетите Држави од тоа?“, додаде тој. Државниот секретар даде и проценка за траењето на воената операција во Иран, нагласувајќи дека таа се приближува кон крајот.

„На добар пат сме да ги уништиме повеќето од нивните фабрики за оружје и значително да ги ослабнеме нивните ракетни лансери. Кога тие цели ќе бидат остварени, ќе ја постигнеме целта на оваа операција, а тоа нема да трае месеци. Станува збор за недели. Не ќе ви кажам точно колку“, изјави Рубио за Ал Џезира.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни