Руската рубља падна на најниско ниво во однос на доларот во последните половина година, објави Блумберг.
Ова се должи на неодамнешните одлуки на ЕУ.
Тие може да ја ограничат заработката од рускиот извоз.
Исто така, цената на нафтата паѓа во последните недели. Еден долар во моментов се менува за 65,45 рубли.
Слично ниво последен пат беше забележано во јуни. Во исто време, за едно евро се заменуваат 69,70 рубли.
Ефект има и плафонот на цената на руската нафта. Тој беше воведен од водечките светски економии.
Земјата се обидува да го гарантира својот извоз.