Градот Скопје вработи лице со Даунов синдорм, Александар Матовски од денеска почнува со работа во одделение за социјална заштита и ранливи категории.
– Рушиме стереотипи се надевам и други институции ќе земат пример од Градот, вели градоначалникот Шилегов.
Матовски е дипломиран професор по предучилишно воспитание на македонски наставен јазик. Има искуство со работа во Обединети Нации, со високо образование.
– Благодарен сум што ќе можам да дадам придонес и да помогнам во инклузија на лица од различни ранливи категории, изјави Александар Матовски.
Мирјана Давидовска
